ПОГЛЕД: Многу случувања во низа имаше во Република Македонија, сега сме пред двојни избори како гледате на ситуацијата во земјава?
-Анализирајќи ги дневно политичките состојби во државата може да кажеме дека се доста сложени. Недостасува политички дијалог помеѓу власта и опозицијата, и покрај тоа што е формирана техничка влада со учество на опозицијата преку свои министри за организирање на престојните изборите сепак сведоци сме на опструкции односно поништување на одлуки кои се предложени од страна на министрите предложени од опозицијата.Има поделеностоколу националните и држевните интереси, имаме поделено општество.Имаме недостаток на реформите во општествениот, економскиот, социјалниот и политичкиот живот во земјата. Здраството ни е нефункционално, активностите околу сузбивање на корупцијата и криминалот како да се заборавени.Секојдневно слушаме за корупциски скандали, за непотизам.Оваа влада како да заборави што зборуваше и ветуваше, нема правда, нема живот за сите.Сведоци сме на несоодветна политика за распределување на средствата од министерство за култура, имаше огромни реакции од припадниците на етничките заедници. Власите беа заборавени. Тука се и огромните отстапки што ги направи оваа влада околу промена на името, прифаќање на диктат од Бугарија за уставни измени и внесување на Бугарите во уставот, немање на датум за преговори со ЕУ, револтот кај граѓаните е огромен и тоа ќе го покажат на 24 април и на 8 мај.
ПОГЛЕД: Престои официјален старт на кампањата за претседателски и редовни парламентарни избори, каква кампања очекувате?
Граѓаните ќе го искажат своето незадоволство поради нефункционалноста на институциите погледните само што се случува со промената на личните документи, практично нема институција која е функционална а треба да бидат сервсис на граѓаните, економската состојба е лоша, младите заминуваат во странство, образованието е руинирано, никогаш не било полошо. Во пресрет да двојните избори партијата на Власите на Република Македонија е подготвена да даде силен придонес за фер и демократски избори. Секако формирањето на техничката влада ќе има придонес при организирањето на изборите и Република Македонија ќе покаже дека припаѓа во европското семејтво преку организирање на мирни и фер избори. Овие избори ќе бидат тест за да добиеме позитивни поени за влез во европското семејство, ние сме членка на НАТО и сите политички партии треба да се заложат и промовираат позитивни идеи и реформи за напредок на земјата и доброто на сите граѓани.
ПОГЛЕД: Какви се вашите видувања за парламентарните избори и изборот за претседател на Република Македонија?
-Имаме економска катастрофа, голем јавен долг, народот живее лошо, време е за промени, глас за Димитар Ковачевски е глас за сите криминали, корупција, уривање на државата институциите и погазување на достоинството на секој еден граѓанин од оваа држава.Ова не се избори помеѓу Европа и изолација како што милуваат да кажат , оваа власт за овие шест и пол години ја оддалечи Македонија од ЕУ со своите лоши политики. Економски уназадувавме наместо да одиме напред. Не само што не го заштитија националниот и државен интерес туку дополнително го оштетија и го отежнаа на генерациите кои што доаѓаат, ги нарушија сите преговарачки позиции на Македонија и за сметка на тоа не добија ништо. Дури и ова последново што беше потпишано и наречено Француски предлог е голема лага дека е практично договор за членство за ЕУ.
Нивото и степенот на криминал и корупција се од епски размери, и највисоки во Европа. Партијата на Власите на Македонија е во коалиција долгодишна и верен коалиционен партнер на Вмро-Дпмне и активно учествуваме во подготовката на изборната програма со која ќе се настапи на изборите, веќе се познати носителите на листите и реакциите на јавноста се позитивни, се работи за луѓе со интегритет, со чесност што е најбитно во ова време/невреме луѓе што имаат енергија за дејствување и за промени и подобро утре на сите граѓани. Што се однесува околу изборот на претседател и татко на нацијата очекувањата се огромни. Познати ни се изјавите на Пендаровски околу Гоце Делчев.Силјановска е позната по својата стручност компетентност во правната наука, член на Веницијанската комисија, автор на многу научни трудови за уставно право и политички систем.Сметам дека Гордана Силјановска ќе успее да ги привлече неопределените и понежниот пол бидејќи за прв пат во поновата македонска историја имаме шанса за претседател жена. Доколку победи Силјановска, а сигурен сум ќе победи според рејтинзите, таа ќе промовира нова политичка култура на обеденување. Сигурно дека ќе воспостави нови моделина комуницирањесо лидерите на политичките партии и здруженија на граќани. Ќе промовира и ќе гради нов имиџи комуникација со светските лидери. Победата ќе значи нов почеток на соодветнаполитиќка култура која и доликува на земјава. На крај ги повикувам сите граѓани масовно да излезат на следните избори, да земат учество и да одлучат во каква држава сакаат да живеат.