Утрово избувна пожар на стадионот „Хонгку Сатдион“, терен каде своите натпревари ги игра кинескиот прволигаш Шангај Шенхуа, тим кој го има најплатениот фудбалер на светот – Карлос Тевез.
И покрај големите финаниски можности, тимот на Шенхуа нема резутлати според очекувањата, па беа шокирани и елиминирани во азиската Лига на Шампиони.
Им нема крај на пеховите, па утрово можеа да останат и без стадион, откако поради пожар е оштетена конструкцијата на покривот, но брзата реакција на надлежните спречила пожарот да се прошири на трибините и теренот.
Fans of China's Shanghai Shenhua football club worried fire at team's home stadium could affect future games there. https://t.co/q1jtRPfQpX pic.twitter.com/CZcPlJhTcN
— ABC News (@ABC) March 28, 2017