Синоќа во сараевската населба Ковачиќи пет лица нападнале жена, а според информациите се работи за семеен конфликт.
Како што претходно потврдија од МУП на кантонот Сараево, пријавата била примена во 19 часот и 50 минути.
Според пријавата, таа била нападната од пет непознати лица, по кои трага полицијата, пишува Кликс, а пренесува Српскаинфо.
Од она што е споделено во јавноста е дека станува збор за конфликт во семејството. Станува збор за жена која била нападната од членови на семејството на нејзиниот покоен сопруг, кои ја терале да се омажи за деверот односно за братот на нејзиниот сопруг. Причината за сето тоа наводно било да се задржи наследството во рамките на семејството.
Повредената била пренесена во болница за да се утврдат последиците и повредите од нападот.