Српскиот премиер и кандидат за претседателските избори, Александар Вучиќ во текот на вчерашниот ден беше во посета на Москва.
Во Русија тој беше пречекан од претседателот на Русија, Владимир Путин, со кого разговараше за стабилноста во регионот.
Во разговорите со рускиот претседател, Вучиќ нагласил дека Србија успеала да надмине некои елементи на нестабилност.
„Србија до сега беше најстабилна, но тоа не е гаранција за иднината“, забележа Вучиќ и додаде дека токму затоа мора да се работи многу за да се одржи безбедноста.
На прашањето што одговорил Путин на сето ова, српскиот премиер истакна дека тој го повторил усогласениот став на руското раководство и додаде дека тој став јасно бил изнесен и од рускиот министер за ндворешни работи Сергеј Лавров, пренесува Танјуг.
„Мислам дека се мошне загрижени и тоа и можам да го појаснам на начин дека колку што западните сили ја поддржуваат владата на (Зоран) Заев и албанските партии, толку ми изгледа дека рускиот претседател не е на таа страна“, оцени Вучиќ.