Ракометната селекција на Македонија за играчи до 21 година успешно го отвори квалификацискиот турнир во Скопје за пласман на СП во Алжир. Во првиот дуел од групата совладан е првиот фаворит Полска и тоа на убедлив начин со резултат од 30-22.
Избраниците на Темелковски се од првата па до последната минута беа супериорни и без проблем на крајот стигнаа до победата. Македонија во 37. минута имаше дури и двоцифрена позитива од десет гола (22-12). Прво име по бројот на голови во нашиот тим беше Шилегов со 8 гола, додека Талески даде 5 погодоци.
Вториот меч од квалификациите за СП 2018 нашите надежи го играат утре, против селекцијата на Португалија со почеток од 17.45 часот. Последен противник е Турција со која силите ќе ги одмериме во петок од 14.30 часот.