Твоја Македонија“ е називот под кој опозициската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи на изборите.
Во седиштето на партијата денеска вкупно 24 партии потпишаа предизборен коалициски договор. Освен традиционаните партнери на ВМРО ДПМНЕ и на Мицкоски му се приклучија и Павле Трајанов од „Демократски сојуз“, Стојанче Ангелов со „Достоинство“, Љубе Бошковски од „Обединети за Македонија“,Солза Грчева со „Глас за Македонија“, Петар Богојески претседател на „Македонски концепт… Не е потврдено дали за новите партнери ќе бидат отстапени места на кандидатските листи за пратеници. Претседателот на ВМРО, Христијан Мицкоски рече дека приоритети на коалицијата се економскиот раст, странските инвестиции и борбата против корупцијата.
„Ценам дека најголемиот дел од нив, коишто ќе бидат дел од следниот пратенички состав, овојпат како убедливо мнозинство ќа покажат како е, не само во опозиција, туку и како мнозинство, обединети, сложни, заедно да поддржат еден реформски процес, со којшто ќе биде трансформирана Македонија, онаква каква што сакаше мојата, вашата, нашата генерација да ја види“, рече Мицкоски.