23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Тошковски најави дека во соработка со општина Бутел ќе се гради целосно нова полициска станица

По посетата на Единицата за внатрешни работи Чаир, каде што се запозна со катастрофалната состојба на објектот во кој работат полициските службеници, министерот за внатрешни работи, Панче Тошпковски, ја посети и Општина Бутел, каде што со градоначалникот Дарко Костовски разговарале за овој проблем.

Од негова страна ми беше посочено дека во минатото многу пати овој проблем бил тема на разговор, но од страна на Министерството за внатрешни работи немало конкретно решение. Од тие причини тој заедно со своите соработници од Општина Бутел во рамките на нивните надлежности почнале постапка за определување на парцела за изградба на комплетно нова полициска станица и во овој момент во фаза на завршница е планската документација.

Од моја страна беше потенцирано дека со оглед на техничката природа на актуелната Влада и фактот што се наоѓаме во предизборен период, ова прашање ќе биде покренато веднаш штом се формира нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе ги преземе сите чекори со цел граѓаните на Бутел и полициските службеници да добијат нов објект изграден според најсовремени стандарди, бидејќи најмалку што заслужуваат е да работат во нормални и хумани услови“, сопштува Тошковски.

поврзани објави

Последни објави