24.8 C
Skopje
Sunday, May 19, 2024
spot_img
spot_img

Мицкоски: Сите кои не се другарчиња на Артан, Бујар и Ковачевски се граѓани од втор ред, Влада ќе прави ВМРО-ДПМНЕ и нема да ја изиграме волјата на народот!

Мислеа дека ние сме само поединци, не разбирајќи дека нивниот противник не е личност, туку идеја која живее во секој од нас. Сакаа да не демотивираа, уживајќи во епатијата која сами ја создадоа. Но еве сме посилни од било кога, обединети и исправени.

Проблемот на Ковачевски е што му ја подари на Ахмети и тоа на тацна. 20 години нема ниту еден човек од ДУИ кој одговарал. Измеќарите од СДСМ се спремни да ја платат секоја цена, само да ја задржат фотелјата и не прашуваат колку чини таа распродажба на Македонија. Едно општество прерасна во општество за СДСМ и петорица главни во ДУИ кои одлучуваат за се што е важно во Македонија. Нема веќе систем, нема држава. Македонците се граѓани од втор ред. Сите од оваа држава кои не се Артан и Бујар, кои не се Ахмети и Ковачевски се граѓани од втор ред. Владее хаос и анархија. Непотизам насекаде, правда никаде. На добар пат сме Косово да е побезбедно од нас. Да не ги познававме ќе мислевме дека тоа им е целта. Луѓе да се иселуваат масовно и да нема никаков систем и ред. Правеа заговори. Сакаа да не нема. Правеа тајни средби за кои мислеа нема да дознаеме. Коваа планови како да не наитрат, бидејќи знаат дека нема да не победат. Почнаа со приказни дека после изборите ќе била мала разликата, па видоа не оди. После тоа велеа дека ќе сме победеле, но немало Влада да направиме. Веќе ни самите не си веруваат во тоа. Се зборува почнале од оваа зграда да ги пакуваат куферите. Почнале да уништуваат материјали. Победникот на овие избори заедно со Вас народот е ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски на вечерашниот митинг во својот говор.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img

Последни објави