2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Се кандидирал на 238 избори и никогаш не победил: Овој човек го нарекуваат најголем „лузер“ во светот

Неговата приказна започна во 1998 година кога се кандидираше за позиција во неговиот роден град Метур.

Приказната на К. Падмарајан е приказна за истрајност. 65-годишникот од индиската држава Тамил Наду учествуваше на 238 политички избори во изминатите три децении и потроши илјадници долари за котизација.

Најблиску до победата дојде во 2011 година, кога се кандидираше за генералното собрание на градот Метура и доби 6.273 гласа. Тој беше далеку зад победникот (75.000 гласови), но тоа му даде надеж дека еден ден ќе може да триумфира.

Тој ден може да дојде во иднина, но Падмарајан истакнува дека победата е споредна цел. Одлучноста и прифаќањето на поразот се клучни – и никој не го прави тоа подобро од него.

– Сите кандидати бараат победа на изборите, а не јас – изјави неодамна тој.

Можеби мислите дека се шегува, но не. По 238 неуспешни избори, Падмарајан сака само да ја продолжи својата серија на порази.

Годинава тој ќе се обиде по 239-ти пат, за време на изборите за пратеничко место во областа Дармапури во државата Тамил Наду. Ќе видиме што ќе се случи… Неговата приказна започна во 1998 година кога се кандидираше за позиција во неговиот роден град Метур. Знаеше дека практично нема шанси, но сакаше да покаже дека „обичен човек“ има право да се кандидира за службени функции.

Во последните три децении, тој ги загуби изборите од значајни личности како што се индискиот премиер Нарендра Моди и неговите претходници, пренесува Oddity Central. За да ги инспирира луѓето да ги следат неговите стапки и да покажат истрајност во секојдневниот живот, Падмарајан им предава на студентите за решителност и надминување на поразот. Затоа, воопшто не му пречи што го нарекуваат „кралот на изборите“ и „најголемиот губитник на светот“.

поврзани објави

Последни објави