„СДСМ се обидува да ги претстави овие избори кои следат како избори за ЕУ или против ЕУ. Они биле за ЕУ, а ние, според нив, сме биле против ЕУ. Не, ова се избори на кои бирате за и против Македонија, нема трета опција. На овие избори бираме дали ја сакаме Македонија и ја бираме Гордана Силјановска Давкова и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ или сме против Македонија, а тоа е Стево Пендаровски и коалицијата што ја предводи СДСМ“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Македонски Брод.
Секогаш кога во Македонија имаме влада на СДС, македонскиот народ, граѓаните на Македонија и самата Македонија губат, се удира директно врз македонскиот идентитет. Секогаш кога имаме влада на СДС, секогаш имаме по нешто коешто идентитетски губиме“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при денешното негово обраќање во Македонски Брод, во рамките на претседателска кампања.
– СДС се обидува да ги претстави овие избори како избори за ЕУ или против ЕУ. Они биле за ЕУ, а ние, според нив, сме биле против ЕУ. Тоа е погрешна теза. Ова се избори на кои бирате за и против Македонија, нема трета опција. На овие избори бираме дали ја сакаме Македонија и ја бираме Гордана Силјановска Давкова и коалицијата „Твоја Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ или сме против Македонија, а тоа е Стево Пендаровски и коалицијата што ја предводи СДСМ – рече тој.
Мицкоски се осврна и на кандидатот за претседател Стево Пендаровски, укажувајќи дека Пендаровски е „патрон и главен измеќар на ДУИ на чело со Али Ахмети“.
– Стево Пендаровски кој што е патрон и главниот измеќар на политиките водени од неколкумина кои што се дел од раководството на Демократската унија за интеграција на чело со Али Ахмети. Главен измеќар и подизведувач на политиките на ДУИ е Стево Пендаровски. А кои се политиките на ДУИ? Тие се опишани со три збора, „како до сега“ – потсети Мицкоски.
Во врска со Пендаровски, тој посочи две главни работи кои не треба да се заборават.
– Првата и најзначајна работа е дека според Стево Пендаровски, Гоце Делчев бил Бугарин. Втората и многу значајна работа е дека ако не бил избран за претседател, тогаш Стево ќе се иселел од Македонија. Па ајде да му помогнеме на 24 април да почне со пакувањето на куферите и на 8 мај да се исели – порача Мицкоски