15.8 C
Skopje
Monday, May 27, 2024
spot_img

ГИ ПРОВОЦИРА ПОЛИЦАЈЦИТЕ И ГИ СНИМА СО МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН Граѓанин одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик

На социјалните мрежи масовно се споделува видео на коешто се гледа како двајца македонски полицајци се обидуваат да излезат на крај со човек кој одбива да зборува македонски и постојано инсистира комуникацијата да се одвива на албански јазик.

Тој не сака да ја прими казната за направен сообраќаен прекршок, затоа што таа била напишана само на македонски јазик.

Според објавите на Икс, најверојатно станува збор за активист на политичката партија ДУИ, кој со својот мобилен телефон ја снима целата ситуација.

– Ти си македонски државјанин, мора да знаеш македонски јазик, не си странски државјанин – на културен начин и со смирен тон му вели еден од полицајците и му ја подава казната.

Најголем дел од корисниците на социјалните мрежи упатуваат поддршка до полицајците, кои, според нив, професионално си ја завршиле својата работа.

„На ова ниво нѐ донесе СДСМ-ДУИ. Поголеднете како се однесуваат активистите на ДУИ. Повели казна, па пак дигај и снимај. Дрма Панче, нема да потклекнуваат полицајците“, напиша еден од корисниците на Икс.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Последни објави