24.8 C
Skopje
Sunday, May 19, 2024
spot_img
spot_img

Пендаровски: Ќе направиме проверка на имотот на судии, обвинители, но и политичари, почнувајќи од мене

На вечерашниот митинг во Гостивар, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски порача дека е крајно време да се направи ветинг на сите судии и обвинители како и на сите политичари.

-Ветинг на судии и обвинители да, ама овој пат до крај независно што ќе каже Америка или Европа. Мислам дека е крајно време да го направиме тоа, но пред се проверка на имотот на нас политичарите, почнувајќи од мене па надолу, за да видиме дали некој навистина живеел од плата во негивот мандат од четири или пет години или имал и други приходи, односно дали несразмерно го зголемил својот имот. Ако несразмерно го зголемил својот имот, ќе треба не само да ги врати тие пари, туку да оди во затвор. Меѓутоа, за да оди во затвор мора да има и домаќини луѓе кои ќе го минат тој ветинг за да можат да бидат обвинители и судии“ порача Пендаровски.

Ние, додаде тој, немаме проблем со криминалот со тоа што имаме лоши закони, тие можеме да ги подобриме, туку проблем е што останаа малкумина луѓе во таа професија кои се со образ и судат по закон, Устав и Меѓународни договори, затоа ни е потребен таков ветинг.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img

Последни објави