6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Коцевски на митингот во Гази Баба: 7 години не угнетуваа и понижуваа, но издржавме секаков напад од криминалната банда, сега време е за промени!

7 години поминаа од овој хаос. 7 години национални понижувања, 7 години продавање на македонскиот идентитет, култура, јазик, историја. 7 години политички затвореници, родољуби, патриоти, уставобранители се уште се по македонските затвори само затоа што си ја сакаат Република Македонија. 7 години бевме под тортура, но не попуштивме. 7 години оваа криминална банда на чело со Али Ахмети, Артан Груби, Зоран Заев, Димитар Ковачевски, Спасовски и останатите сакаат да ни ја одземат слободата. Дојде време за промени, за 3 дена од сега ги имаме претседателските избори. Треба да направиме разлика помеѓу нашиот кандидат и останатите кандидати. Имаме еден претседател кој наутро едно зборува, навечер друго зборува, а ние имаме меѓународен експерт кој ги истрпи сите предизвици во македонското Собрание и не дозволи национално предавство. Токму затоа треба да гласаме за професорката Гордана Силјановска Давкова, идниот претседател на Македонија!

поврзани објави

Последни објави