15.8 C
Skopje
Monday, May 27, 2024
spot_img

Пендаровски од Струмица: Заев уште пред 11 години ми рече дека сака од мене да направи претседател на Македонија

Пред околу 11 години имав средба со еден човек, кој ми рече „сакам од тебе да направам претседател на Македонија“. Тоа е Зоран Заев.

Со овие зборови, актуелниот претседател Стево Пендаровски и кандидат за втор мандат поддржан од СДСМ вечерва го започна излагањето на митингот во Струмица, посочувајќи дека сака да каже неколку реченици за поранешниот премиер Зоран Заев, како и за ексминистерот за здравство и носителот на Изборната единица 4 Венко Филипче.

„Влеговме во заедничка битна во 2014 година, но година дена пред тие избори, тој беше сигурен дека ќе станеме еден ден тоа што сме. Тој премиер, а јас претседател. И ми рече вака, 2014 е само загревање за да ги добиеме следните избори и 2016 година и со масовна поддршка на македонските граѓани ние го победивме режимот со пенкало“, рече Пендаровски.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Последни објави