8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Реакција на МБП во врска со неефективното работење на македонскиот парламент

МБП со реакција на последните случувања во Република Македонија односно како што велат тие, неефективното работење на македонскиот парламент.

Реакцијата ви ја пренесуваме во целост

Здружението за Македонско-Бугарско Пријателство, водено пред се од интересот на граѓаните на Р. Македонија, ги повикува главните политички играчи во македонскиот парламент, да ја преземат својата одговорност, да помислат на македонскиот државен интерес, а тесно-партиските превирања да ги остават на заден план.

Македонија се наоѓа во политичка и институционална криза. Време е да се донесат потребните одлуки, да се изгласаат потребните мерки, за да се тргне напред и барем за момент да излеземе од кругот во кој се наоѓаме сите ние, кои уредно преку своите даноци ги плаќаме пратениците, кои веќе неколку месеци после изборите, речиси не работат ништо.

Според нас користењето на собранискиот правилник за одложување на излезот од кризата е недопустливо. Намерите на главните политички актери во трагикомедијата наречена „Македонија“ се кристално јасни. Тие намери се косат со основните цели на Република Македонија (влез во НАТО и Европската Унија). Македонија нема време да ги чека одредени политички фигури да докажуваат кој поголем патриот е во споредба со опонентот.

МБП како здружение загрижено за напредокот на Република Македонија, ги осудува сите ситни политички трикови на партиите во собранието и тврди дека ваквиот тип „игри со правилникот“ се далеку од државничкото однесување. Според нас театралната претстава со лажниот наслов „Загрижени сме за демократијата во Македонија“ треба да престане. Македонскиот граѓанин заслужува повеќе почит, бидејќи токму со неговите даноци, вие си дозволувате веќе неколку месеци да примате плата, без да имате нешто што е реално сработено позади вашиот грб, се вели во соопштението на МБП.

поврзани објави

Последни објави