Одѕивот на гласачите до 11 часот е 12,78 одсто. Обработката на 3 илјади 418 избирачки места покажува дека гласале вкупно 229 илјади 473 лица со право на глас.
Според податоците што се слеваат во ДИК, најголем одѕив има во општина Демир Капија – 24 одсто, а најмал во Студеничани – 3,82 одсто.
До 11 часот во ДИК се пристигнати 73 приговори за правото на глас. Од нив, 7 се прифатени, што значи дека тие лица ќе може да гласаат, 4 се отфрлени а 3 се оценети како неуредни.