5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Филипче вети зголемување за 15 отсто на капитацијата за матичните лекари

Примарната здравствена заштита е клучна за здрави поколенија, а матичните лекари заслужуваат нивната работа да биде признаена и вреднувана. Затоа, ќе го зголемиме капитациониот бод за општите лекари и тоа ќе го направиме уште во првата половина на мандатот. Ова го истакна Венко Филипче при својата вчерашна посета на Прилеп каде што се одржа трибина по повод Светскиот ден на здравјето.

Капитацијата за матичните лекари во новиот мандат, во почетокот на новиот мандат, не до крајот на мандатот, ќе се зголеми за 15%. Ние тоа еднаш го направивме и затоа и понатаму продолжуваме да го зајакнуваме примарното здравство“, истакна Филипче на трибината.

Филипче презентираше и други мерки, со фокус на примањата на здравствените работници и задржување на медицинскиот персонал во земјава преку подобрување на образованието, инфраструктурата и условите за работа во здравствените установи.

поврзани објави

Последни објави