7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Северна Кореја се подготвува за нова нуклеарна проба

Најновите сателитски снимки покажуваат дека  Северна Кореја е во последната фаза од подготовките за нова нуклеарна проба, сметаат американски аналитичари.

На снимките направени на 25.март може да се забележат четири возила и приколки, во кои има опрема којашто влегува во објектот за тестирање на нуклеарно оружје Пунг-ри, а комуникациски кабли се распоредени на околниот терен.

„Опремата најверојатно ќе се користи за да се иницира проба, по која ќе се собираат и анализираат податоците од експлозијата”, се вели во проект 38 на Северноамериканскиот-корејски институт при Универзитетот Џон Хопкинс, пренесе во средата АП.

Истражувачите забележале дека се испумпува вода која се носи надолу со цел тунелот да биде сув за сместување на опремата за следење и за комуникација.

„Комбинацијата на овие фактори, силно сугерира дека подготовките за тестот се во тект, вклучувајќи го и инсталирањето на инструментите”, велат истражувачите.

Минатата недела и армијата на САД дојде до сличен заклучок. Нивните информации велат за забрзани активности околу нуклеарните објекти на Северна Кореја.

Пјонгјанг минатата година изведе два нуклеарни теста. Тој, исто така, истрела повеќе ракети кои се дел од напорите да се развие проектил со голем дострел, кој ќе биде способен да носи нуклеарни боеви глави.

поврзани објави

Последни објави