Буквално за неколку години Русија и Западот на неверојатен начин ги сменија местата, пишува денеска Die Zeit.
До неодамна Западот беше силен, а руските власти се жалеа на НАТО дека ги опкружува. Сега реториката на Москва е многу посамоуверена, забележува авторот на статијата Јенс Зигерт.
На Запад се множат “малодушните стравови” дека Путин води скриена војна, обидувајќи се да го поткопа демократското општество.
При тоа сè почесто се зборува за почеток на нова “Студена војна”. По “анексијата” на Крим и конфликтот во Донбас сè повеќе луѓе почнаа да зборуваат за слабоста на Западот, која порано или подоцна по природен историски пат ќе доведе до крах на демократскиот правен општествен систем и појава на нов светски поредок, чиј лидер ќе стане Русија.
Откако во 2015 година руски војници се замешаа во граѓанската војна во Сирија, а САД и нивните сојузници со ништо не можеа да ги спречатт – за слабоста на Западот уште посилно се дискутира, посочува Die Zeit.
Многумина почнаа да ги преиспитуваат своите ставови околу иднината и крахот на Западот. Во некои земји од Западот стравот кон Русија се зголеми, ниедна од нејзините соседи не може да се чувствува безбедно, пишува новинарот.
Притоа Кремљ веќе спроведува специјални операции и хакерски напади.
Се создава впечаток дека Wikileaks му припаѓа на арсеналот на Кремљ.
Со други зборови Западот се наоѓа во критична ситуација, а во такви случаи треба да се избегнуваат две грешки: паниката и обиди за декорирање на случувањата, советува Зигерт.
Во меѓународната политика Русија е важен фактор, продолжува Die Zeit. Всушност Москва се обидува да го ослабне Западот, но нејзините можности се многу мали, смета новинарот. Да, Русија со Путин стана посилна, признава авторот, но таа ни од далеку не е така силна, како Советскиот Сојуз.
“Денешната хистерија по повод руската интервенција во западните општества повеќе сведочи за нашата слабост, отколку за моќта на Русија. Поточно таа сведочи за нашата неувереност “- појаснува Зигерт.
Според него, од Путин неразумно е да се прави “подуен семоќен гигант”. Тој дефинитивно многу може, се согласува авторот, но далеку од сè што му припишува: “Веќе одамна тоа е еден белег на политиката на Путин – да боксува, но не својата тежинска категорија”.
Политичкиот курс на шефот на Кремљ не е причина, туку симптом на кризата на либерално демократскиот модел на општеството, е убеден Зигер.