13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Мицкоски: Честит 1 мај, меѓународен ден на трудот

Денес работничките права се прекршени и погазени. Државата многу малку води грижа за тие кои создаваат и се р’бетот на нашата економија.

За мобингот врз работниците многу ретко се зборува, но најголемиот проблем се платите кои ги изеде инфлацијата. Тие не се доволни ниту за половина од потребната потрошувачка кошница.

Проблемите се многубројни, но решенијата мора да ги носиме заедно и одлучно. Првиот чекор се промените кои мора да се случат, и тие промени се во ваши раце. Заедно да ја направиме Македонија повторно силна, голема и твоја.

поврзани објави

Последни објави