24.8 C
Skopje
сабота, септември 12, 2026

Филипче: На дното сме во регионот – со платите граѓаните можат да купат најмалку гориво

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека граѓаните во Македонија се на дното во регионот според количината гориво што можат да ја купат со своите примања.

Според Филипче, иако власта се обидува да се пофали дека Македонија има пониски цени на горивата во споредба со дел од земјите во регионот, нискиот животен стандард и висината на платите значат дека куповната моќ на граѓаните останува ниска.
„Растат цените на горивата, ние сме една од земјите во регионот во којашто со просечна или минимална плата може да се купи најмала количина, најмалку литри гориво. Иако власта сака да се пофали дека имаме наводно најевтино гориво, толку е низок стандардот што и тоа наводно најевтино гориво не можат граѓаните да си го купат“, изјави Филипче.
Тој оцени дека земјата е „на дното“ во регионот според количината гориво што граѓаните можат да ја купат со своите примања, обвинувајќи ја актуелната власт за влошување на животниот стандард.
Филипче дополнително посочи дека цените на горивата, според неговите тврдења, од почетокот на годината се зголемиле за околу 50 проценти.

поврзани објави

Последни објави