Пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски денеска од собраниската говорница на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја пушти снимката од вестите на Сител кога Ивона Талевска соопштува дека откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ја прифатил платформата на албанските политички партии, претседателството на ДУИ донело одлука за формирање Влада со ВМРО-ДПМНЕ.
„Да ве потсетам дека Никола Груевски направил договор со ДУИ на 29 јануари, кога вие во средниот ред или поголемиот дел од вас бевте во најновите костуми да славите нова влада“, рече Спасовски