6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Алијанса за Албанците со одговор за патоказот на ВМРО-ДПМНЕ

Вчера на прес-конференција Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ истакна патоказ како решение за моменталната политичка криза во Македонија, што не наиде на поддршка од Алијанса за Албанците.

Од оваа партија велат дeка фактот што се бара во иднина да не се меша никој странски фактор за изборите не е паметен потег, затоа што тоа би можело да ги наруши односите со странските пријатели.

„Сакаме да истакнеме дека сме против вчерашната понуда на ВМРО-ДПМНЕ како патоказ кој треба да биде решение за излез од кризата. И во иднина странскиот фактор мора да биде присутен во организирање на изборите, затоа што Македонија во спротивно може да ги наруши односите со странските пријатели. Оваа гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ има за цел да ја изолира државата“, изјави Сурија Рашиди, пратеникот од редовите на АА на прес-конференција.

поврзани објави

Последни објави