6.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

СЈО го повлече барањето на ОЈО да се укине притворот за Кочан

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева го повлече барањето од страна на ОЈО и републичкиот обвинител Марко Зврлевски, на кое вчера се бараше да се укине притворот за Сеад Кочан.

„Јас како Јавен обвинител сум исклучиво надлежна да постапувам по предметите поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во сите судски инстанци. Поради тоа денес со поднесок испратен до Врховниот суд на Република Македонија го повлеков барањето за заштита на законитоста поднесено од Јавното обвинителство на Република Македонија“, стои во соопштението на СЈО.

Засега нема одговор од страна на Основното јавно обвинителство до овој момент. Сеад Кочан веќе две седмици е во бегство, а за него има издадено и меѓународна потерница.

поврзани објави

Последни објави