12.8 C
Skopje
Monday, May 27, 2024
spot_img

Николоски: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ целосно ќе го изгради експресниот пат Прилеп-Градско до 2027 година

-Од Росоман можам да кажам дека за откупот на праските планираме изнаоѓање на нови пазари кои што ќе донесат подобри цени, понатаму поддршка за изградба на ладилници и за стимулирање на откупувачи, секако тука е делот на реконструкција на постојните водоводни системи за наводнување и изградба на нови системи и за тоа се предвидени големи средства во делот за земјоделие за двете ставки некаде по стотини милиони евра.

Понатаму враќање на системот за субвенции кои што е правичен и кој што значи според она што го обработуваат земјоделците. Тука е и поделбата за земја, да завршиме со олигархиското и картелското делење на земја каде што огромни површини на земји ги земаат луѓе кои што не се по потекло од општината во која што добиваат земјиште и најчесто не ја работат таа земја. Така што бројни проекти планираме во земјоделието кое што треба да ја подобрат состојбите во земјоделството, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 на денешниот митинг во Росоман во рамки на претседателската и парламентарната кампања.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Последни објави