16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Сајкоски: Ќе имаме подобро образование, инфраструктура и нови инвестиции

Идната влада во Република Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ на чело Христијан Мицкоски како премиер ќе донесе и нови инвестиции, ќе донесе подобрување на инфраструктурата, ќе имаме подобро образование, ќе има повеќе и за пензионерите, рече од митингот во Маврово Ростуше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата за пратеници во петтата изборна единица, Ѓорѓија Сајкоски.

Затоа, додаде Сајкоски, повикуваме да ја поддржите програмата „Платфрома 1198“, бидејќи тука има за пензионерите, бидејќи со неа се обврзуваме дека во рок од три месеци по формирањето на владата ќе има зголемување од пет илјади денари за секој пензионер или во текот на целата година ќе добиваат плус 60 илјади денари.

„Но, кажуваме дека ќе има покачување и на платите, дека ќе ја завршиме инфраструктурата во Македонија, бидејќи останаа не дозавршени и Градско – Прилеп, остана незавршен и Извор – Бошков Мост, патот Кичево – Охрид и многу други работи останаа незавршени. Но, ние ветуваме и се обврзуваме дека ќе ја завршиме патната инфраструктура. Ќе го изградиме патот Букојчани – Кичево, ќе го завршиме патот Гостивар – Кичево, ќе направиме да има побрз проток на стоки и услуги со што ќе се даде можност на новите инвеститори да вложуваат во Република Македонија“, рече Сајкоски.

поврзани објави

Последни објави