8.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Најголемата грешка и лага на СДСМ за младиот човек!

Во 2016 година кога Груевски паѓаше од власт, СДСМ како политичка партија во Македонија ја доби најголемата поддршка од студентите. Над 50 илјади луѓе излегоа масовно на протести на скопските булевари. Протестираа за подобро образование и добија ветување за реконструирани студентски домови, но и изградба на СТУДЕНТСКИ ГРАД во кој ќе има достоинствени услови за живеење. Од сето тоа младите добија затворени згради во студентскиот дом „Стив Наумов“ кој е со најкатастрофални услови, во кои досега не се реновирала ниту една соба. Наместо нов студентски дом тие продолжија да живеат и да студираат во мувла, хорор тоалети, прокиснати кровови, разрушени соби и стаорци во студентските ходници и соби.

Сите плукања на сметка на Груевски паднаа во вода и сето она за кое што СДСМ легитимно можеше да се пофали дека се различни од Никола, само го надоградија, оставајќи го младиот човек САМ!

Оттука, се уништи и секоја една капка надеж и верба дека СДСМ ќе може да работи за доброто на младиот човек. Да не зборуваме за фактот дека токму тие беа оние кои ветуваа транспарентност и отворени врати, а наидоа на ликови кои мислеа дека вечно ќе владеат, па станаа недопирливи и недостапни за обичниот граѓанин!

Затоа, новата Влада ќе има тешка задача! Ќе мора да им оддржи ЛЕКЦИЈА, но и да покаже дека може поинаку!

Новата Влада ќе мора да изгради СТУДЕНТСКИ ГРАД, но и да ги реновира постоечките студентски домови за да може идниот академски граѓанин да живее во пристојни и нормални услови!

поврзани објави

Последни објави