„Ниту едно блокирање на демократските процеси, ниту едно беспотребно меѓусебно реплицирање од страна на парламентарното малцинство нема да ги спречи промените и да ја киднапира иднината на државата за која гласаа мнозинството граѓани.
Стечајните работници денеска ќе имаа решен статус и пристојни примања, доколку Груевски и неговите соработници на најдрзок начин не ја кочеа работата на Собранието.
Останатите граѓани и денеска ќе користат скапа струја и ќе плаќаат радиодифузна такса бидеќи малцинството во парламентот исплашено од соочување со одговорноста, ја погазува мнозинската волја.
Околу 700 илјади граѓани избраа нова Влада промени, правда, еднаквост и живот за сите и ниту еден очаен обид на Груевски и соработниците тоа не може да го спречи. Македонија ќе добие нова реформска влада на граѓаните предводена од СДСМ за која има широка и недвосмислена поддршка“, се вели во соопштението на СДСМ.