5.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Хавајскиот судија Вотсон на неопределно време го блокира вториот указ на Трамп за мигранти

Американскиот федерален судија Дерек Вотсон, од Хонолулу, главниот град на островската држава Хаваи, на неопределно време го продолжи дејствието на неговата претходна одлука за блокирање на ревидираниот указ на претседателот Доналд Трамп, со кој се забранува влезот во САД на државјани од шест доминантно муслимански земји.

Вториот указ на Трамп беше издаден на 6 март и имаше за цел да ги заобиколи правните проблеми , што се појавија со претходниот указ од јануари, што предизвика хаос по аеродромите низ светот.

Првиот указ беше запрен во февруари, со наредба на судија од државата Вашингтон.

поврзани објави

Последни објави