18.8 C
Skopje
Saturday, May 10, 2025

Скопје се соочува со колапс и на такси превозот, Арсовска не најде реашание за „дивите“

Такси превозот во Скопје пред колапс. На улиците се помалку има легални такси возила, а наместо нив на секој чекор диви таксисти без лиценци им наплаќаат на граѓаните и двојно повеќе, а возат и со небезбедни автомобили.

Од Групацијата на авто такси превозници на град Скопје, прстот го посочија кон градоначалничакта Данела Арсовска за која велат дека нема никаква контрола ниту стратегија. Како надлежен орган за издавање на лиценци и како организатор на авто такси дејноста, Арсовска не ги почитува и спроведува законите.

„Градот Скопје на чело со градоначалникот Данела Арсовска се одговорни за авто такси хаосот во Скопје, бидејќи Градот како надлежен орган за издавање лиценци и како организатор на авто такси дејноста не ги почитува и спроведува Законите и одлуките, односно градоначалникот не ги активира и не им дава поддршка на инспекторите за патен сообраќај на град Скопје, да си ја вршат работата и да го решат хаосот во такси дејноста“, изјави Сашо Рајчановски, претседател на Групацијата на авто такси превозници на Град Скопје и член на Советот за сообраќај на Град Скопје.

Од групацијата на авто такси превозници сметаат дека најголем дел од проблемите повеќето такисти возат на диво, без лиценци и без фискални таксиметри. Дополнителен проблем е што за да се викне такси возило преку регистрираните компании се врти и по еден час. Проблемот се јавува особено навечер, кога нема шанси да се најде кола, па граѓаните ги користат услугите на дивите таксисти кои си наплатуваат како ќе им текне.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ на Алфа ТВ

поврзани објави

     

Последни објави