Стратегот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо даде интересен одговор за прашањата дали би можел во иднина да ја преземе селекцијата на „кариоките“.
„Мислам дека кога ќе заминам од Манчестер јунајтед ќе ми треба полесна работа… и да се предводи Бразил, тоа сигурно ќе биде потешка задача. Очигледно тоа ќе биде возбудлива авантура, секој тренер сака да работи со најдобрите тимови“, истакна Мурињо.
Кога ќе се спомене Бразил, веднаш добивата асоцијација на фудбал, на сите легенди кои поттекнуваат од таму, па тоа го привлекува и Мурињо.
„Бразил е синоним за успех, со голем талент во своите редови, без разлика за која генерација се работи, секогаш има талент во тимот. Но морам да признам дека предизвикот е многу тежок, секој Бразилец е тренер, секој новинар мисли дека има подобар тренер од тој што во моментот е тренер“, додаде Мурињо.