-0.2 C
Skopje
Monday, January 20, 2025

Зимница од кора од лубеница каков што досега не сте пробале

Зимница за кора од лубеница е како кисели краставички и уште подобар.

Искористете ја кората од лубеница и направете ја оваа одлична зимска салата.

Состојки:

Кората на една лубеница, исчистена од црвените делови 1-2 пиперки 1 лута пиперка 7 ловорови листови 6 чешниња лук 1 китка магдонос 2,5 лажици сол сок од лимон само на врвот на лажичка 100 мл балсамико оцет 150 ml ладна во

Исечете ја кората од 1 лубеница на поголеми парчиња и излупете го зелениот дел од кората, а потоа исечете ја на мали парчиња со големина на прст.

Подгответе тегли за редење парчињата од лубеницата.

Во теглите ставете еден дел од подготвените парчичња од лубеница, а врз нив грст исечкана бабура, и неколку чешниња лук. Потоа додадете неколку парчиња сечкана лута пиперка, па ловоров лист, неколку парчиња сецкана бабаура, а потоа половина китка магдонос. Повторно одозгора ставете парчиња кора од лубеница, уште малку сецкана бабура и ловорови листови и одозгора магдонос. Така ќе ја наполните теглата до врвот. Истурете сол, сок од лимон, балсамико оцет и ладна вода. Добро затворете ја теглата и чувајте ја на ладно и темно место.

поврзани објави

Последни објави