Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск ќе престојува во посета на државата, а во понеделник ќе биде гостин и на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
Туск во државата ќе пристигне во рамки од неговата регионална турнеја, која е посветена на состојбите на бегалската и мигрантската криза.
Од кабинетот на претседателот посочуваат и дека Иванов ќе го запознае Туск со политичката криза која се случува во земјата, а воедно ќе се разговара и за европската перспектива на регионот.
Ова ќе биде трета посета на Туск на Република Македонија.