Како што и веќе е информирана јавноста, градоначалникот Митко Јанчев од стапувањето на функцијата градоначалник на општина Кавадарци, а тоа се веќе цели седум години, не само што јавно се откажа од месечниот надомест- плата и користење на службено возило, туку и истиот надомест е пренаменет во хуманитарни цели – информираат од општина Кавадарци.
Соопштението од општината во целост го пренесуваме во продолжение:
Но најважно од се е, што во прилог можете да погледнете табела на која можете да забележите дека градоначалникот Митко Јанчев преку општествено одговорните компании Кожувчанка, ЈА-МИ и Фондација Никола Јанчев, бележи огромна сума на донации и спонзорства за реализација на проекти за општина Кавадарци реализирани од 2022, 2023 и дел од 2024 година.
Вкупно 52.624.053,00 денари се средства кои градоначалникот Митко Јанчев преку овие компании ги донирал за општина Кавадарци и останати хуманитарни и општествени цели ширум Македонија.
Овие компании на чело со Кожувчанка, не застануваат овде. Всушност нивната визија и идеја отсекогаш била да помагаат онаму каде што е потребно. Ова не е само помош, ова е придонес воопшто за општеството.