6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Германија покренува сајбер команда

Германската војска следната недела покренува сајбер команда како дел од засилувањето на одбраната, во време кога германските разузнавачки служби предупредуваат од голем број напади од Русија.

Германската војска е мета на многу хакери, а во првите девет недели на 2017. година забележано е 284.000 компликувани и професионални обиди за напад, соопштува портпаролот на минстерството, додавајќи дека сега за сега нема штета.

Сајбер нападите на војските ширум светот се во пораст, од тоа многу војски образуваат команден центар да се борат со овој проблем.

Германската команда ќе биде лоцирана во Бон, првобитно со 260 членови, а тој број ќе порасне на 13.500 до јули оваа година. До 2021. година се очекува овој команден центар да има 14,500 позиции, вклучувајќи и 1.500 цивилни работници.

 

поврзани објави

Последни објави