6.8 C
Skopje
Thursday, December 12, 2024

„За некои опозициски политичари ДОПРВА ДОАЃААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ТОА ШТО ГО ПРАВЕЛЕ“

Имам чувство дека за некои опозициски политичари допрва доаѓаат проблемите кои се поврзани со големи злоупотреби правени во минатото, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговорајќи на новинарско прашање за инсистирањето на ДУИ за граѓанско изјаснување, Мицкоски уште еднаш повтори дека ги разбира политичарите од опозицијата.

Ги разбирам политичарите во опозиција дека се нестрпливи и дека мислат дека со предвремени избори ќе ги решат проблемите. Имам чувство дека за некои опозициски политичари допрва доаѓаат проблемите кои се поврзани со големи злоупотреби правени во минатото – потенцира премиерот.

поврзани објави

Последни објави