8.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

„Вашингтонски преговори за Горна Македонија: Милошоски открива детали за средбата на Груевски со Клинтон и Бајден

За претседателите на ВМРО-ДПМНЕ ако сум имал нешто да кажам, сум ја кажал забелешката и тоа што сум сакал да го кажам преку искрен пристап, вели пратеникот Антонио Милошоски во поткастот на Канал 5.

На констатацијата на водителот на поткастот дека Груевски му ја имал дадено најголемата шанса во политиката, Милошоски одговори:

– Јас мислам дека и ние сме дале многу за Груевски, цела екипа, Гордана Јанкуловска, Зоран Ставревски, Миле Јанакиевски, јас, но и сите други министри како екипа дадоа многу за Груевски. Нашата најголема забелешка беше што пет министри во неговата Влада тежеа помалку од неговиот братучед Сашо Мијалков. Неколку министри тоа му го кажаа. Некои од овие кои веќе ги спомнав му го имаа кажано тоа. Мислам дека имаше некои сериозни взаемни интереси кои беа посилни од укажувањата на другите, рече Милошоски.

На прашањето – дали е точно дека на состанокот во Вашингтон е спомената промената на името само за надворешна употреба како предлог „Горна Македонија“, Милошоски одговори:

– Да, така беше, со додавање амандман во Уставот дека тоа е за меѓународна употреба, без задирање во идентитет, јазик и сличност. Груевски прво имаше средба со Хилари Клинтон, прво имаше тет-ат-тет средба, таа траеше подолго. Кај Хилари не добивате така лесно термин. Тие средби не траат предлого, бидејќи таа си има свои патувања. Траеше приближно еден час, а потоа имавме пленарна средба која траеше околу 30 минути, а после имавме средба со Бајден. Во тој момент Груевски не беше спремен да го прифати тоа. Бевме јас, Протуѓер, амбасадорот Јолески, отприлика таа екипа. По Букурешт имаше одредени понуди, кои што во дел од нив, имаше понуди одредена референца да не се раздели Република Македонија како целина. Од денешна гледна точка, ќе беше поповолно ако ова се направеше отколку ова што денес го имаме. Сметам дека тогаш според мене, по таа средба во Вашингтон, имав впчеаток дека Хилари Клинтон дека има информации дека договорот е многу блиску и дека се работи за некоја фина доработка и дека затоа се случува таа средба и дека таа ќе биде успешна. Веројатно поради тоа беше и нервозата по таа средба за да се даде налог дека ова раководство не е соработливо, да се најде начин да се симнат од власт.

Според Милошоски, предлогот кој тогаш бил даден, сметал дека треба да биде основа врз која ќе може да се заокружи тој процес.

Тој во поткастот додаде дека почуствувал дека во својот ресор не ги влечел главните потези во споредба со неговиот братучед. Поради тоа како што додаде, отстапил и се повлекол од функцијата министер за надворешни работи.

Целата емисија погледнете ја во продолжение:

поврзани објави

Последни објави