4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Ситуацијата алармантна: зголемен бројот на пожари во Делчевско

Само за еден месец на територијата на Делчево имало 17 пожари, од кои 4 на отворено, додека вкупно за месец март во изминатите 56 години се евидентирани само 27 пожари.

По тој повод денес беше одржана и прес-конференција на Драган Балас, лице со овластување во Регионалниот центар за кризи во Делчево, кој истакна дека вакво нешто досега не е видено и ситуацијата е алармантна.

„Пожарите оваа годна се доста чести за разлика од претходните години, кога во овој период немавме појава на пожари. Појавата е алармантна бидејќи нема дожд, а шумската вегетација не е развиена, ветерот придонесува за ширење на пожарот кој може да предизвика штета од непроценливи размери“, истакна Балас.

Со подотоците од РЦУК-Делчево, во претходните 12 години (2004-2016) на теротирија во Делчево имало севкупно 58 шумски пожари, каде е опожарена површина од 1,362 хектари и изгорена е дрвна маса од 73,651 метри кубни (м3) и на сето тоа вкупната штета изнесува 1,650,256 денари.

Последен од серијата пожари е оној на подножјето на Голак во атарот на селото Чифлик, каде била зафатена површина од 14 хектари и изгореле 4,5 хектари приватна дабова и нискостеблеста шума, како и пасиште од 8,5 хектари. Истиот бил локализиран доцна синоќа.

Сите овие пожари се последица на човечко невнимание односно запалено стрниште, поради што се упатува апел до мештаните да внимаваат.

поврзани објави

Последни објави