Попладнево во Куманово се случи инцидент, откако од јарбол било симнато македонското знаме, додека на негово место било поставено албанското.
Ова го сторила поголема група на граѓани, за кои имало обид да бидат спречени од двајца полициски службеници, но и тие биле нападнати.
Подоцна со полициска интервенција од СВР Куманово се приведени две лица, албанското знаме е симнато, а известен е и Јавниот Обвинител кој дополнително ќе открие кои се мотивите на сторителите.