7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

СДСМ: Граѓаните не смеат да останат без здравствени услуги само затоа што раководството на ВМРО-ДПМНЕ се плаши од одговорност

„Со секој ден изгубен во непотребни меѓусебни реплики на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот, се поголема е штетата што ја трпат граѓаните и државата. Загрозено е нормалното функционирање на граѓаните кои не можат да добијат соодветни здравствени услуги.

Да не беше блокирано Собранието од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и да имаше нова Влада, досега сите осигуреници ќе имаа бесплатно болничко лекување.

Но наместо да се лекуваат бесплатно, денес граѓаните мора да ја плаќаат партиципацијата за болничкото лекување, затоа што ВМРО-ДПМНЕ за свои интереси ги кочи демократските процеси, само за да го спаси Никола Груевски од одговорност за криминалите.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги интересираат само интересите на тесното раководство на нивната партија и тендери, додека граѓани умираат по ходници и дома, затоа што не можат да си дозволат да бидат болнички згрижени.

Со попречувањето на мнозинската волја, ВМРО-ДПМНЕ ја попречува и изградбата на нов, современ и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје што ќе гарантира високо квалитетни здравствени услуги на граѓаните во целата држава и ќе го врати концептот на единствен Универзитетски клинички центар во којшто клиниките ќе бидат функционално поврзани.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ не попречуваше во Собранието, лекарите ќе беа ослободени од дополнителни административни обврски на работните места и целосно ќе се посветеа на лекувањето на пациентите. Исто така ќе се отвореше простор за разгледување на предлогот за зголемување на платите на лекарите и специјализантите.

ВМРО-ДПМНЕ не смее да го загрозува нормалното живеење на граѓаните, само затоа што раководството на партијата се плаши од соочувањето со правдата. Македонија не смее повеќе да си дозволи да остане без нова реформска влада бидејќи во прашање е здравјето на граѓаните, како и целокупното функционирање на државата“ се вели во соопштението на СДСМ.

поврзани објави

Последни објави