-3.2 C
Skopje
Thursday, January 2, 2025

СЕ ВКЛУЧИ ЦРВЕН МЕТЕОАЛАРМ ВО ХРВАТСКА Се закануваат ветрови со јачина од 185 километри на час

Во делови од Хрватска денеска е активиран црвен метеоаларм поради силна бура на приморјето и удари на ветрови кои достигнуваат брзина до 185 км/ч, пренесува порталот 24sata.

Црвеното предупредување важи за Кварнер, Велебитскиот канал и за Централна Далмација, каде што се очекува силна бура со оркански удари на ветер.

Хрватскиот Државен хидрометеоролошки завод предупредува на можни штети на инфраструктурата и ризици по здравјето на луѓето.

Во исто време, во Лика паднаа големи количини снег, при што дневните температури се очекува да се движат меѓу 0 и 4 степени. Олујниот ветер и снегот веќе неколку дена го отежнуваат сообраќајот низ Хрватска, при што делови од земјата се под снег, а орканската бура ги активираше метеоалармите.

поврзани објави

Последни објави