✅Основците ќе имаат учебници по странски јазици од први септември годинава!
❗️По цели пет години настава по странски јазици без учебници во основното образование, министерството започна постапка за нивна набавка, согласно новиот Закон за учебници во основното и средното образование. Повикот за учебници по странски јазици е објавен на следниот линк https://mon.gov.mk/content/?id=9980 Постапката целосно ќе заврши пред почетокот на новата учебна година.
👉Информирам дека е објавен и конкурс за изработка на нови учебници за седмо одделение, согласно новите наставни програми и тоа по предметите Биологија, Хемија, Физика, Географија, Граѓанско образование и Албански јазик како изборен предмет, но и учебници по изборниот предмет Јазикот и културата на Турците за сите одделенија од шесто до деветто. Повеќе информации на линкот https://mon.gov.mk/content/?id=9981
✅Уверувам дека учениците први септември ќе го започнат без грижи дали ќе имаат основни помагала за совладување на наставната материја, а наставниците без обврски самостојно да наоѓаат материјали и извори на информации.
👉Сите учебници и натаму ќе бидат бесплатни, со обврска за учениците да се грижат за нивната состојба и на крајот од учебната година да ги вратат во училиштето.