fbpx
10.8 C
Skopje

УХМР: Снегот ќе засили и ќе ја зафати целата територија на Македонија

АКТУЕЛНО

Интензивни врнежи од снег ја зафатија територијата на Македонија. Од УХМР информираат дека врнежите од снег ќе се прошират низ целата територија и ќе бидат засилени.

Според информациите на повисоките места, односно планините, снежната покривка изнесува повеќе од 50 сантиметри, додека на пониските се очекува во текот на ноќта да достигне од 10 до 20 сантиметри.

До 16 часот снежната покривка е следна: 33 Маврови Анови, 27 Лазарополе, 26 Пожаране, 20 Тетово, 11 Скопје-Зајчев Рид, 9 Ѓуриште, 4 Крива Паланка, 3 Штип и Виница, 2 Берово и Делчево, 1 Тополчани и Крушево.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -