7.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Бејли: Декларирано е собраниско мнозинство, потребно е да продолжи процесот на формирање влада

Aмерканскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли, денеска во изјава за медиумите по одбележувањето на Денот на НАТО во Скопје, рече дека САД очекуваат брзо формирање на влада, која ќе биде посветена на реформската агенда и интеграција на земјата во ЕУ и НАТО.

„Имаше избори во декември, за кои се оцени дека се кредибилни. Пратениците седнаа во Собранието, беше декларирано собраниско мнозинство и мислиме дека не е во согласност со демократските принципи и со Уставот да не се дозволи да продолжи процесот на формирање на владата. Секако, на крајот на краиштата, од политичките лидери и од граѓаните на Македонија ќе зависи како ќе одат напред, но ова е клучно за македонската интеграција во НАТО и во Европската Унија, како што кажа вчера претседателот на Европскиот совет“, изјави Бејли.

Тој ги повика и соседите да бидат воздржани. и да и дозволат на Македонија да оди напред со овој процес. „Јасно е дека ова е чувствително прашање. САД го користи името Република Македонија и го признавме македонскиот идентитет“, рече Бејли.

поврзани објави

Последни објави