16.8 C
Skopje
Wednesday, March 12, 2025

Монструозностa на Палевски и групата во детали: Еве како ја убил Вања

Обвинетиот Велибор Манев на денешното судско рочиште раскажа во детали како Љупчо Палевски – Палчо ја убил Вања Горческа, откако претходно изнесе и детали за тоа како бил егзекутиран Панче Жежовски од првообвинетиот.

Според Манев, првично требало да биде киднапирана возрасна жена за да се изнудат пари, но по грешка, како што рече, била грабната Вања, а Палевски ја егзекутирал откако видел дека работите не тргнале како што треба.

– Откако ја ставивме во гепек, ги следев насоките за движење на Палевски. Тој возеше пред мене, јас по него. Стасавме пред местото Оризови дупки. Го отворивме гепекот. Палевски ја праша како се вика, кој и е мајка и татко. Откако тоа го дозна, ни рече да ја извадиме надвор од колата. За да ја слика и да може да прати слики на фамилијата.

Откако ја извадивме од колата, ја откопчав вреќата, го извадивме селојтепот, видов дека не е жена, туку дете. До него бевме со Влатко, му рековме дека е грешка и да ја пуштиме. Под маски сме, не не видела и да ја ослободиме. Палевски рече да прекинам, дека ништо не разбирам, дека се било чисто, нема што да се бере гајле, дека првичната сума што ни ја понудил за грабнувањето, нема да може да ја земеме, дека ќе биде помала. Ние заќутивме. Се свртев да гледам према лозјето, не беше кроено оддамна. Да видам во која од собите, што ги имаше од бетон, да се внесе таму. Додека гледав, Палевски приде до Вања со пиштол и со перниче во раката и испука куршум. Повторно бев надвор од себе.

Палчо се врати до пикапот, и извади нова лопата и ашов, ги фрли према нас и нареди да ископаме дупка за да се закопа детето. Копавме во смрзнатата земја. Ја фати од едната страна, од кај главата, а јас и Влатко од другата страна и ја спуштивме во дупката. Палесвки ја извлече вреќата и ја фрли во возилото на Панче Жежовски. Нареди да закопуваме, со солзи во очите, без да ме видат, почнав да закопувам и јас. Кога го завршивме тоа, ми нареди да тргнам по него со колата. Јас го возев возилото на Панче, а тој возеше напред со „реното кангу“, раскажуваше Манев.

Манев потоа додаде дека Палевски го запалил возилото на Панче Жежовски

поврзани објави

Последни објави