12.8 C
Skopje
Thursday, March 13, 2025

Додик: Никој нема да ме приведе, полицијата на република Српска ќе ме штити (ВИДЕО)

Мене да ме приведат? Нема да ме приведе никој. Друго нешто, полицијата е тука да го чува редот и мирот во Република Српска и таа тоа ќе го прави. Тие се задолжени да ја осигураат мојата безбедност како претседател и на нашите институции. Според тоа, нормално дека нема да дозволат никакви дејства од тој вид“, кажа Додик за хрватски РТЛ.

На прашањето дали доброволно ќе се одѕве на сослушување во јавното обвинителство во Сараево, Додик кажа дека „нема зошто доброволно да се пријавува кога станува збор за институција која не е во согласност со уставот“.

„Од друга страна, постапува во согласност со одлука на странец (високиот претставник во БиХ Кристијан Шмит), кој демек нешто наложил и тие од тоа извлекуваат кривично дело. Освен тоа, исклучиво станува збор за муслимани кои иницираат таков прогон против Република Српска“, истакна Додик и додаде дека „ќе видат дека не можат да го спроведат својот план“.

На прашањето дали е можен инцидент меѓу полицијата на Република Српска и Агенцијата за истраги и заштита на БиХ (СИПА), која доби налог да го приведе, тој одговори: „Бидејќи ја сакам таа игра, секогаш завршува со некаков инцидент – позитивен. Не разбирам“.

На прашањето на новинарката дали полицијата на Република Српска ќе влезе во конфликт во случај на обид за притворање, тој одговори дека „Нормално дека ќе влезе“.

На инсистирањето на новинарката на тоа дали се можни инциденти ако некој се обиде да го приведе, односно дали полицијата на Република Српска ќе реагира, Додик прво кажа дека „нема да има судири“ и дека „нема потреба за тоа“, а потоа кажа дека „не е можен инцидент“ и дека „полицијата ќе реагира“.

На прашањето зошто доброволно не се одѕве на повикот на Обвинителството на БиХ, кое го обвинува за напад на уставниот поредок, Додик одговори: „Кому да се одѕвам, зошто да се одзвам?“

„Објаснувам тука фино дека ни тој суд ни обвинителството не се предвидени со уставот на БиХ“, кажа Додик и го прекина интервјуто.

поврзани објави

Последни објави