Американската невладина организација Фридом Хаус и даде најлоша оцена на Македонија во рангирањето за слободата на медиумите и ја именуваше земјата дека се приближува кон автократија.
Фридом Хаус оценува од 1 како најдобро и 7 како најлошо ниво, а Македонија има просек од 5,25, што се случува веќе втора година односно додека трае политичката криза во земјата.
Според степенот на демократија во земјата, Македонија е оценета со 4,43, а од земјите во регионов сме подобро рангирани само од БиХ и Косово.