21.8 C
Skopje
Wednesday, April 16, 2025

Силна ЕКОНОМСКА ОФАНИЗВА за блиски односи со ОАЕ – Мицкоски го покани ШЕИКОТ МУХАМЕД БИН ЗАЈЕД АЛ-НАХЈАН ВО МАКЕДОНИЈА

Премиерот Христијан Мицкоски со делегација од владата до 17 април е во официјална билатерална посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Во рамки на посетата, македонскиот премиер се сретна со неговото височество, Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, на чија покана се реализира оваа посета.

Како што истакна Мицкоски од Абу Даби, деновите кои следат очекува многу плодни и успешни средби кои ќе значат зајакнување на економската соработка меѓу двете држави.

-Денеска денот го почнавме со исклучително пријателска и квалитетна средба со неговото височество, претседателот и владетел на ОАЕ, . На средбата и двајцата ја истакнавме потребата од многу поблиски и поплодни односи, a јас од моја страна ги образложив нашите цели како влада. Истовремено, го поканив неговото височество да ја посети Република Македонија, а бизнис заедницата поблиску да ги согледа сите можности за директно инвестирање во делот на туризмот инфраструктурата, земјоделството, енергијата итн., нешто што сум убеден дека може да преставува солидна основа за наша подлабока билатерална соработка. Деновите коишто следат ќе имам средби со стопанските комори на Емиратите Дубаи, Абу Даби, Шаржа, како и многу средби со компании коишто се присутни во регионот и коишто покажаа интерес да инвестираат кај нас дома, во Македонија. Очекувам навистина плодна и успешна посета и многу убави вести за македонсите граѓани“, вели Мицкоски во својата порака од Абу Даби.

Мицкоски беше прчекан со високи почести, по што следуваше средбата и разговорте с Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан.

поврзани објави

Последни објави