-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Кинез се ожени со робот што го направи сам

Еден 31-годишен АИ инженер се ожени со еден од своите роботски креации.

Женг Џијаџија, кој работел за Хуавеи, организираше неформална свеченост за себе и еден од неговите роботи.

Роботот (или „роботка“) се вика Јингјинг и може да изговара едноставни реченици и визуелно ги препознава кинеските знаци.

Во компанијата Хуавеи, каде Женг работел три години, основал единица специјализирана за вештачка интелигенција и роботика. Сега планира да ја усоврши неговата „сопруга“, за да и даде можност да оди и да ги извршува основните работи во домаќинството.

На венчавката присуствуваа мајката и пријателите на Женг, а „невестата“, согласно локалните обичаи, била покриена со црвен превез.

Според мислењата на некои експерти, законски брак меѓу луѓе и робот би можел да биде донесен веќе во 2050 година, затоа што постои големи интересирање за таквата форма на заедница.

поврзани објави

Последни објави