Денеска од 16:00 се одигра 25. коло од Првата македонска фудбалска лига. Брегланица победи после долго време и се врати надежта за опстанок во првата лига. Тие го совладаа Шкупи на домашен терен со убедливи 3-0 а стрелци на погодоците беа Ристе Наумов двапати и капитенот Здравков од пенал.
Македонија ГП и Победа ги поделија бодовите во дербито на дното на табелата откако одиграа 0-0. Пелистер неуспеа на домашен терен да го совлада Силекс ремизирајќи 0-0.
Во дербито на колото Рабтонички на домашен терен ја совлада екипата на Шкендија со 1-0 со голот на Душан Трајчевски во 24 минута и со тоа ја остави Шкендија на минус девет во однос на шампионот Вардар.
Вардар пак успеа да слави минимално на тешкото гостување во Тетово кај Ренова со 1-0, а херој на мечот беше Дејан Блажевски со голот во 73-та минута.
По овој кикс на Шкендија, вардарци избегаа на плус деве во однос на Шкендија која си ги намали шансите во борбата за титулата. Работнички се зацврсти на третата позиција, додека четврти се Пелистерци. Понатаму следува Силекс како петти, Ренова, Шкупи, Победа, претпоследна е Македонија ГП со еден бод повеќе од последнопласираната Брегалница.